Fuat Kabakcı
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ПЕКИНГ
Кинеското Министерство за надворешни работи ги повика страните да бидат смирени, осврнувајќи се на ракетниот напад на Иран врз американските бази во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Гинг Шуанг, на редовната прес-конференција во главниот град Пекинг истакна дека неговата земја долго време се залага сите страни да ги решаваат разликите со заемно почитување, преговори и дијалог.
„Влошувањето на ситуацијата во Блискиот Исток не е во ничиј интерес. За светот од витално значење е да се обезбедат стабилноста и мирот во регионот“, рече Гинг, додавајќи дека внимателно ќе ја следат ситуацијата и дека ќе продолжат да комуницираат со сите страни, вложувајќи напори за намалување на тензиите.
„Сегашната состојба на Блискиот Исток е сложена и кревка. Кинеската страна внимателно ги следи случувањата и ги повикува страните да ја задржат својата смиреност“, нагласи портпаролот Гинг.