Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
Украина ги соопшти националностите на патниците што загинаа при падот на авионот „Boeing 737“ во Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вадим Пристајко, министерот за надворешни работи на Украина, соопшти дека во авионот се наоѓале 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, 4 Авганистанци, 3 Германци и 3 Британци.
Пристајко соопшти дека меѓу 11-те загинати Украинци, двајца се патници, а 9 се членови на екипажот.
Украинската авиокомпанија информираше дека поголемиот дел од патниците во авионот планирале по пристигнувањето во Киев да отпатуваат на различни дестинации.
Претходно, иранските власти соопштија дека патничкиот авион од типот „Boeing 737“, кој полетал од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран кон Киев, кусо по полетувањето се урнал недалеку од аеродромот во 06:18 часот по локално време поради технички проблем. Нема преживеани меѓу 176-те патници и членови на екипажот што се наоѓале во авионот.