Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Април 2021•Ажурирај: 20 Април 2021
КАБУЛ
Во авганистанската западна покраина Бадгис полициски службеник застрела тројца свои колеги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Градскиот совет на Бадгис, Абдул Азиз Бек, во изјава за медиумите истакна дека полициски службеник вработен во полициската станица во село Синџидек, при подрачјето на Мукур во Бадгис, со оружје убил тројца свои колеги.
Бек нагласи дека напаѓачот го зел целото оружје што се наоѓало во полициската страница и избегал.
Според него, постојат информации дека е можно напаѓачот да им се приклучил на талибанците.