свет, Коронавирус

Бројот на оздравени од Ковид-19 во светот надмина 120 милиони

Во светот 18.277.259 лица се во процес на лекување од овој вирус

Nuri Aydın  | 18.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
Бројот на оздравени од Ковид-19 во светот надмина 120 милиони

АНКАРА

Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 120 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometers“, 120.061.762 лица успеаја во битката против Ковид-19.

Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.

Во САД оздравеа 24.909.770 лица, во Индија 12.809.643, и во Бразил 12.344.861 лице.

Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 3.643.734 лица.

Во светот 18.277.259 лица се во процес на лекување.

Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 141.364.462, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 3.025.441 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.