Sayed Khodaberdi Sadat
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Пет лица го загубија својот живот во бомбашкиот напад извршен за време на натпревар на одбојка во подрачјето на Тала-у Барфак во авганистанската северна покраина Баглан, јавува Anadolu Agency (AA).
Управителот на областа на Тала-у Барфак, Абдул Ахмад Ахмади, во изјава за медиумите истакна дека бомбата поставена на местото на реализирање на натпреварот на одбојка во селото Барфак, експлодирала за време на натпреварот.
Aхмади информираше дека во нападот загинале 5 лица, додека 20 се повредени.
Тој изјави дека селото Барфак е под контрола на талибанците.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.