свет

Авганистан: Луѓето погодени од земјотресот во Пактика бараат дополнителна помош

- Авганистанската покраина Пактика пред неколку дена беше потресена од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен, во кој животот го загубија најмалку 1.150 лица, а повредени се повеќе од 1.600 лица

Vesna Besic  | 29.06.2022 - Обновена : 30.06.2022
Авганистан: Луѓето погодени од земјотресот во Пактика бараат дополнителна помош

КАБУЛ (АА) - На граѓаните погодени од разорниот земјотрес во авганистанската покраина Пактика потребна им е дополнителна хуманитарна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).

Авганистанската покраина Пактика пред неколку дена беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен, во кој животот го загубија најмалку 1.150 лица, а повредени се повеќе од 1.600 лица.

Помошта која досега е упатена, не е доволна за големиот број луѓе кои останаа без кров над глава.

Во земјотресот се срушени околу 1.800 станбени објекти. Екипата на АА ја сними ситуацијата во округот Гијан, кој се наоѓа во близина на пакистанската граница, а кој претрпе најголема штета поради земјотресот.

Жителите на градот почнаа да се враќаат на својот секојдневен живот благодарение на помошта која со камиони и хеликоптери ја донесоа во тешко пристапното подрачје.

Меѓутоа, помошта која досега ја добија од ОН, разни меѓународни институции и авганистанската Црвена полумесечина, е недоволна, изјавија граѓаните погодени од земјотресот.

Голем број жители, вклучително и оние чии куќи не се оштетени, и понатаму се надвор поради евентуални дополнителни земјотреси во тоа подрачје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın