Ekipa
17 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Во вчерашните судири со припадниците на терористичката организација ДЕАШ во источниот дел на Авганистан загина еден американски војник, а неколкумина други беа повредени, соопшти американската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека во судирите во областа Aчин, упориште на милитантите, повредени се и неколкумина припадници на авганистанската армија.
Припадниците на ДЕАШ во последниве години создадоа упориште во Авганистан, каде што водеа борба против владините сили поддржани од страна на САД, како и против талибанците.
Групата милитанти поврзани со ДЕАШ се состои главно од незадоволни талибански бунтовници и честопати е во судир со талибанците околу раководството и идеологијата.