Ekipa
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Високопозицираниот кинески генерал му пренесе на американскиот колега дека воената интервенција не треба да биде опција за решавање на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинeското Министерство за одбрана соопшти дека генерал Фан Чанглонг му пренел на американскиот генерал Џозеф Данфорд дека сите страни треба да останат воздржани и да се избегне говорот и акциите што можат да доведат до ескалација на тензиите.
Чанглонг, инаку потпретседател на централната воена комисија, му рекол на Данфорд дека Пекинг инсистира на тоа дека преговорите се единствената ефикасна опција за решавање на ова прашање.
Минатата недела, претседателот на САД, Доналд Трамп, упати закани дека Северна Кореја може да се соочи со оган и бес.