Fuat Kabakcı
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина денес го лансираше сателитот „Гаофен -11“, сателит за набљудување на Земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската телевизија „CCTV“ јави дека „Гаофен-11“ е испратен во вселената со ракетата „Long March – 4B“, од Центарот за лансирање сателити „Таијуан“ во Шанси.
Сателитот ќе се користи за набљудување на Земјината површина, а податоците што ќе ги сними ќе можат да се користат во урбанизмот, за проектирање патна мрежа и во земјоделски цели.
Проектот „Гаофен“ е започнат во 2010 година.