свет, Коронавирус

САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 132.331

Во САД во последните 24 часа се потврдени 45.510 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.936.890.

Mücahit Oktay  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 132.331

ЊУЈОРК

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 219 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 132.331 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.

Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 45.510 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.936.890.

Од Ковид-19 во САД починаа уште 219 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 132.331.

Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.578.376 откриени случаи, Русија со 681.251 откриен случај, и Индија со 675.453 откриени случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Тексас.

Во Њујорк откриени се 421.637 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.215 лица.

Во САД досега се направени над 36 милиони и 965 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 260 илјади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın