Балкан, Коронавирус

Србија: Уште пет лица починаа од Ковид-19, 302 новозаразени

Во изминатите 24 часа, од последиците на коронавирусот починаа уште пет лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус се искачи на 311

Bojana Stojanovic  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Србија: Уште пет лица починаа од Ковид-19, 302 новозаразени

БЕЛГРАД

Во Србија уште пет лица починаа од последиците на коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа, од регистрирани се 302 нови случаи на заразување со овој вирус, што значи дека денес бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.553, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупно се регистрирани 16.131 случај на зазаразување со Ковид-19.

Од вчера се тестирани 5.030 лица, од кои 302 се позитивни на вирусот.

Во изминатите 24 часа, од последиците на коронавирусот починаа уште пет лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус се искачи на 311. Процентот на смртност е 1,93 отсто.

На респиратори е 81 пациент.

Досега се тестирани 439.445 граѓани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın