Балкан

Протест во Нови Пазар: „Го креваме гласот во името на оние чии животи можеа да бидат спасени"

„Зошто ни ја криевте вистината", „Избори и власта поважни од животот на луѓето", „Благодарност за докторите од Крагујевац, Краљево и останатите делови на Србија",„Благодариме Босно", „Благодариме Турција", беа некои од транспарентите на мирниот собир

Medin Haliloviç  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Протест во Нови Пазар: „Го креваме гласот во името на оние чии животи можеа да бидат спасени" ( Foto: Medin Haliloviç / Anadolu Agency )

НОВИ ПАЗАР 

Со мирен протест во центарот на градот неколку стотици граѓани на Нови Пазар изразија незадоволство поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во санџачките општини и големиот број заразени и починати, јавува Агенција Анадолија (АА).

На протестот организиран од страна на неформална група граѓани со истакнување на транспарентите искажана е благодарност на сите кои овие денови упатуваат помош за Санџак, и побарана е одговорност од државните функционери.

„Зошто ни ја криевте вистината", „Избори и власта поважни од животот на луѓето", „Благодарност за докторите од Крагујевац, Краљево и останатите делови на Србија", „Благодариме Босно", „Благодариме Турција", беа некои од транспарентите во текот на мирниот собир.

Изет Ризовиќ, во име на организаторите, во обраќањето запраша зошто се криеше вистината за состојбата и се изнесе податок дека уште од 5 јуни почнало жариште во Нови Пазар.

„Го креваме гласот во името на оние чии животи можеа да бидат спасени. Го креваме својот глас за да пробаат да ги спасат животите на оние кои се наоѓаа во болниците ширум Санџак и Србија. Им даваме потполна поддршка на лекарите, хероите кои, ризикувајќи ги своите животи, прават се да ги спасат животите на пациентите", порача Ризовиќ кој рече дека политиката треба да биде надвор од болниците. Тој оцени дека политиката, корупцијата, партиските вработувања довеле до колапс на здравствениот систем во Нови Пазар.

Ризовиќ порача дека поддшката која стигнува од сите страни е многу важна во овие искушенија и им се заблагодари на дијаспората, Босна, Турција, големиот број граѓани на србија, јавните личности, Адем Љајиќ, Новак Ѓоковиќ, Асмир Колашинац.

На собирот е побарано единство на сите граѓани, но и на политичките лидери за да им се помогне на лекарите во лекувањето на заболените, посебно да се отстранат пречките за доаѓање на лекарските екипи од Босна, Турција, Германија и другите земји.

„Постои процедура, но како што доаѓаа докторите од Кина во Србија без проблем, сакаме да се пуштат докторите. Имаме критична ситуација во Тутин и Сјеница, во Пазар малку се смири ситуацијата", порача Семир Потурак, еден од младите учесници на протестот.

По протестот, пред зградата на локалната самоуправа собраните со своите тела на плоштадот Гази Иса-бег ја испишаа пораката „help" (Помош). 

Од пред две недели Нови Пазар,Тутин и Сјеница ги зафати бран на коронавирусот во кој повеќе стотици луѓе се заразија, а голем број ги загубија животите.

Претставниците на локалните и републичките власти на Србија сеуште не ги објавија официјалните податоци за починатите од коронавирусот во текот на јуни месец оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.