свет, Коронавирус

Во Кина во последните 24 часа регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 35

Во Кина до денес регистрирани се вкупно 83.017 случаи со Ковид-19, а од вирусот починаа вкупно 4.634 лица

Zehra Ulucak  | 01.06.2020 - Обновена : 01.06.2020
Во Кина во последните 24 часа регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19, во Јужна Кореја 35

АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 16 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а во Јужна Кореја 35 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кинеската национална комисија за здравство истакна дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 16 нови случаи со вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.

Во соопштението се нагласува дека продолжува лекувањето на 62 пациенти заразени со вирусот.

Во Кина до денес регистрирани се вкупно 83.017 случаи со Ковид-19, а од вирусот починаа вкупно 4.634 лица.

Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 35 нови случаи на Ковид-19, претежно во главниот град Сеул.

Наведено е дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.503. Во Јужна Кореја од коронавирусот починаа 271 лице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.