Sayed Khodaiberdi Sadat
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
КАБУЛ
Во западниот дел на Авганистан, во провинцијата Херат се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 10 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Херат, Џејлани Фархат, за медиумите изјави дека во местото Едрескен еден патнички автобус се судрил со минибус кој доаѓал од спротивната насока.
Портпаролот Фархат информира дека во несреќата загинале 10 лица, а 6 се повредени.
Во својата изјава Фархат наведе дека причина за сообраќајката е невниманието на возачите.