свет, Коронавирус

Бројот на заразени со Ковид-19 во Индија од почетокот на епидемијата надмина 6,3 милиони

- Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 6,3 милиони, со 86.000 нови случаи

Ekip  | 01.10.2020 - Обновена : 01.10.2020
Бројот на заразени со Ковид-19 во Индија од почетокот на епидемијата надмина 6,3 милиони

ЧАНДИГАР

Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 6,3 милиони, со 86.000 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство во своето последно ажурирање соопшти дека во изминатите 24 часа пријавени се 86.821 случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 6.312.584.

Регистрирани се 1.181 смртен случај од вирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати достигна 98.678.

Индија доцна синоќа издаде нови насоки за продолжувањето на повеќе активности во земјата. Според најновите насоки, на мултиплекс-киносалите ќе им биде дозволена повторна работа со 50 отсто од нивниот капацитет од 15 октомври.

Индија во март прогласи состојба на карантин со цел да го спречи ширењето на коронаворусот. Во јуни земјата почна со етапно продолжување на економските активности.

Додека Индија го зголемува бројот на тестирања на дневно ниво, со речиси 1,5 милион тестирања спроведени на 30 септември, истражувањето објавено во медицинско списание проценува дека земјата имала 6,4 милиони заразени пред три месеци. Во истражувањето се наведува дека тогаш во земјата се правеле помалку тестирања.

Експертите во земјата велат дека Индија дури може да ги надмине и Соединетите Американски Држави (САД) - најтешко погодената земја во светот - според димензиите на пандемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın