Burak Bir
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Во Бразил и Мексико од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 1.514 лица, додека над 38.000 нови случаи се потврдени во двете земји во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здравествените власти соопштија дека во Бразил од вирусот починале 1.031 пациент, со што бројот на смртни случаи се искачи на 143.952.
Потврдени се 33.413 новозаразени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјата изнесува над 4,81 милион.
Повеќе од 4,18 милиони пациенти се оздравени во Бразил, кој е епицентар на епидемијата на Ковид-19 во Латинска Америка.
Сао Паоло, каде што живеат 46 милиони луѓе, е најпогоденото подрачје во земјата.
Во Мексико се потврдени 5.053 нови случаи на Ковид-19 и 483 смртни случаи од последиците на вирусот.
Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број на заразени изнесува 743.216, починале 77,646 лица, а 533.886 се оздравени.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот се потврдени 34 милиони случаи на вирусот, додека бројот на оздравени надмина 23,6 милиони.
САД, Индија и Бразил во моментот се најпогодените земји во светот.