Ruslan Rehimov
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека администрацијата на Ереван со носење странски платеници во окупираните области покажала дека тероризмот е дел од државната политика на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи истакна дека Азербејџан постојано изразува загриженост за широко распространетата употреба на ваквите методи од страна на Ерменија.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, се додава:
„Ерменија донесе терористи и платеници од странски земји, особено од Блискиот Исток, за време на окупацијата на регионот Нагорно Карабах и околните региони на Азербејџан и нападите кои следеа врз нашата земја. Користењето на платениците наречени ‘волонтерски групи‘ уште еднаш покажува дека тероризмот е дел од државната политика на Ерменија“, се нагласува во соопштението.