Sayed Khodaberdi Sadat
08 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Пет полицајци го загубија животот во нападот извршен врз полициски конвој од страна на милитантното движење на Талибанците во подрачјето на Мароф, кое се наоѓа во авганистанската покраина Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Зија Дурани, портпарол на полициската дирекција во Кандахар, истакна дека милитантите извршиле напад со тешко оружје врз полицискиот конвој.
Дурани информираше дека пет полицајци смртно настрадале, а девет се повредени во нападот, додека во настанатиот судир се убиени 15 милитанти, а 11 се повредени.
Во соопштението на Талибанците се тврди дека загинале голем број војници.