свет

Мрежа за човекови права: Врз Рохинџа муслиманите се врши видлив геноцид

„Меѓународната заедница не презеде конкретни чекори против мјанмарската Влада и војска, која ги прогонува муслиманите во (мјанмарската) држава Аракан, и тоа ги охрабри да го напаѓаат народот“

Sadık Kedir Abdu  | 08.05.2018 - Обновена : 09.05.2018
Мрежа за човекови права: Врз Рохинџа муслиманите се врши видлив геноцид

Ankara

АНКАРА (АА) - Бурманската мрежа за човекови права (БХРН) со седиште во Велика Британија предупреди дека меѓународната заедница не презела конкретни чекори во борбата против геноцидот што се врши врз муслиманите во Aракан, јавува Anadolu Agency (AA).

„Меѓународната заедница не презеде конкретни чекори против мјанмарската Влада и војска, која ги прогонува муслиманите во (мјанмарската) држава Аракан, и тоа ги охрабри да создаваат повеќе проблеми и да го напаѓаат народот“, рече во телефонскиот разговор за АА Кјав Вин, извршниот директор на БХРН.

Тој посочи дека Обединетите нации (ОН) не преземаат мерки против „видливиот геноцид“, истакнувајќи дека делегацијата на Советот за безбедност на ОН ја посетила државата Аракан.

„Советот за безбедност на ОН е поделен во одлучувањето против мјанмарската Влада и нејзиното носење пред Меѓународниот кривичен суд“, рече Вин.

Тој додаде дека прогонот на Рохинџа муслиманите започна од мјанмарските будисти, а дека сега во тоа се вклучени и припадниците на другите религии.

Тој им се заблагодари на турскиот народ и Влада за нивната поддршка на Рохинџа муслиманите во овие, како што рече, ужасни времиња.

Зборувајќи за кризата во Бангладеш, каде што избегаа стотици илјади Рохинџа муслимани, Вин предупреди дека сезоната на монсуните им се заканува на околу 200.000 бегалци.

Aраканските муслимани Рохинџа со години се најранлива етничка група во светот, а од минатата година се соочуваат со нов бран насилства во подрачјето на Аракан, Мјанмар.

Под изговор за борба против милитантните групи, мјанмарската војска уништи неколку стотици муслимански села од кои најмалку 750.000 жители беа принудени да побегнат во соседниот Бангладеш.

Според официјалните податоци, во Aракан во 1970-тите години, имало околу два милиони муслимани, а сега во тој регион има помалку од 300.000.

Од ОН и другите меѓународни организации често предупредуваат дека насилството врз араканските муслимани ги има сите елементи на етничко чистење, па дури и геноцид.

Меѓународната организација „Лекари без граници“, во декември минатата година соопшти дека најмалку 6.700 муслимани се убиени во првиот месец од акцијата, која мјанмарската војска во Аракан ја започна на 25 август 2017 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın