Ekipa
02 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
КАБУЛ (АА) - Најмалку петмина цивили загинаа, а седуммина се повредени во експлозија на две мини на патен правец во Авганистан, потврдија официјалните претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Автомобил активираше мина поставена на пат во јужната област Хелманд. Загинаа сите пет патници“, соопшти Умер Звак, портпаролот на Кабинетот на покраинскиот гувернер.
Тој ги обвини талибанците дека поставуваат мини на патот и дека цел им се безбедносните сили.
Автобус налетал на мина и во подрачјето na Кашк е-Кон, во покраината Херат, при што повредени се седум патници.
Три повредени лица се во критична состојба, соопшти Кабинетот на гувернерот, а за одговорни се сметаат талибанците.
Талибанците сѐ уште не се огласија во врска со експлозиите.