Sayed Khodaiberdi Sadat
04 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад во подрачјето на Нангархар во источниот дел на Авганистан убиена е докторка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полициската управа на Нангархар, Фарид Хан, изјави дека бомбата поставена на мотоцикл е активирана во градот Џалалабад.
Хан потврди дека во нападот загинала докторка која работела во државната болница.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.
Во Авганистан во последните четири месеци се интензивирани атентатите и нападите, особено во големите градови. Новинарите, активистите, религиозните научници, државните службеници и безбедносните сили се цел на овој бран атентати.