Sayed Khodaiberdi Sadat
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
КАБУЛ (АА) - Најмалку двајца припадници на безбедносните сили загинаа во бомбашки напад во Бадгис, во западниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик претседателот на локалниот совет во Бадгис, Хан Џан Зафар, соопшти дека нападот е извршен со активирање на бомба поставена покрај патот во местото Мукур.
Експлозијата се случила во моментот кога по тој пат поминувало возило со припадниците на безбедносните сили.
Зафар истакна дека во нападот загинале двајца припадници на безбедносните сили, додека едно лице е рането.
Никој не презеде одговорност за нападот.