Gökhan Kavak
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната организација за миграција (IOM) при Обединетите нации (UN) упати предупредување дека мигрантите и бегалците во земјите од Источна Африка сѐ повеќе се незаштитени против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Зголемениот број случаи на Ковид-19 во земјите од Источна Африка негативно влијаат врз раселените мигранти и бегалци“, се вели во писменото соопштение на Организацијата.
Се истакнува дека сиромаштијата негативно влијае врз пристапот до медицински материјали и здравствена опрема, и дека мигрантите и бегалците сѐ повеќе се незаштитени против Ковид-19.
Според соопштението, бегалците во некои земји се изложени на злоупотреба.
Според податоците на ИОМ, над 6 милиони лица во земјите од Источна Африка биле принудени да мигрираат поради различни причини.
Меѓу другото, во земјите од Источна Африка откриени се околу 350.000 случаи на Ковид-19, додека над 6.000 лица починаа како последица на овој вирус.