Haydar Karaalp
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
БАГДАД (АА) - Претседателот на Ирак, Бахрам Салих, изјави дека експлозијата во Багдад за цел ги имала стабилноста на земјата и мирот и иднината на народот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Салих преку соопштение се огласи во врска со самоубиствениот напад на плоштадот „Тајаран“, во центарот на Багдад.
„Темните кругови сакаа за цел да ги земат националните интереси и мирот и иднината на народот. Цврство стоиме пред овие лажни обиди чија цел е стабилноста на нашата земја“, наведува Салих.
Преку соопштение по повод нападот се огласи и премиерот на Ирак, Мустафа ал Кадими.
Во експлозијата која се случи во Багдад загинаа 28 лица, а 73 се ранети.