Sayed Khodaberdi Sadat
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
КАБУЛ (АА) - Шефот на полициска управа во северниот дел на Авганистан е убиен во атентат за кој одговорност презедоа талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полициската управа во подрачјето на Алмар, во покраината Фарјаб, Абдул Керим Јуриш, за АА изјави дека шефот на полициската управа Мухамед Насим Фарјаби загинал во експлозија подметната во неговиот автомобил, која со далечински управувач е активирна во моментот кога се враќал дома од работа.
Во експлозијата тешко е ранет еден телохранител на убиениот Фарјаб.
Одговорност за нападот презеде милитантното движење на талибанците.