Ayşe Aktaş
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ТОКИО (АА) - Три лица загинаа при пад на хеликоптер за спасување во Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални безбедносни претставници на Нагано соопштија дека хеликоптерот паднал на подрачјето на планината Хачибусе.
Полицијата истакна дека во хеликоптерот кој имал обука, се наоѓале девет лица, од кои седум пожарникари, пилот и инженер.
Спасувачките екипи под урнатиот хеликоптер извлекоа три лица кои починале во болница, а накнадно во бесвесна состојба пронајдени две лица.
Официјалните претставници се сомневаат дека под урнатините се наоѓаат уште четири лица.
Покрената е истрага во врска со несреќата.