Mehmet Nuri Uçar
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на Западниот Брег вчера приведоа десет Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се истакнува дека Палестинците се приведени во градовите Хеброн и Берлехем.
Се наведува дека Палестинците се приведени поради тврдењата дека го нарушувале јавниот ред при насилство против цивилите и припадниците на безбедносните сили.
Припадниците на безбедносните сили на Израел често вршат упади во домовите на Западниот Брег и Источен Ерусалим и со различни обвиненија ги приведуваат Палестинците.