Ahmet Furkan Mercan
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
АНКАРА (АА) - Поминаа 74 години откако во Втората светска војна Соединетите Американски Држави (САД) фрлија атомски бомби врз јапонските градови Хирошима, на 6 август, и Нагасаки, на 9 август, пишува Anadolu Agency (AA).
Ураниумска бомба со јачина еквивалентна на 13 илјади тони ТНТ (тринитротолуен), создавајќи температура од 3.000 степени Целзиусови во центарот, уништи 70 проценти од Хирошима. Атомската бомба со земја го срамни подрачјето широко 1,5 километри. Во првата фаза починаа 80.000 луѓе, а до крајот на 1945 година бројот на лицата што ги загубија своите животи се искачи на 140.000.
Голем број повредени во бомбардирањето починале без да добијат лекарска помош. Исто така од радиоактивниот дожд животот го загубиле и лицата кои отишле во градот да помогнат.
Во Нагасаки, атомската бомба беше фрлена од 500 метри висина. Моќта на бомбата била еквивалентна на 22 илјади тони ТНТ. Во првата фаза загинаа околу 70.000 луѓе, а половина од градот Нагасаки беше уништен.
- Причина за употреба на атомската бомба заканата од Советскиот Сојуз -
За време на војната, американскиот претседател Хари Труман, рече дека причините за употребата на атомските бомби се советската закана во Источна Азија, како што беше и заканата во Источна Европа, претходно.
На крајот на јули 1945 година, Јапонија, која Велика Британија, Кина и Соединетите Американски Држави (САД) ја повикаа да се предаде со „Декларацијата од Потсдам“, објави дека нема да се „предаде безусловно“.
Јапонија, на почетокот на август на фронтот на Алијансата му предложи „преговарачки мир“, но предлогот не беше прифатен. Така во периодот меѓу 6-12 август, односно во понеделник беше бомбардирана Хирошима, а во четврток Нагасаки. Градовите беа разорени.
Тогашниот јапонски император Хирохито, во својата порака на 15 август рече: „Продолжувањето на војната ќе ја уништи јапонската нација“, и прогласи безусловно предавање на неговата земја.
- Причините за фрлањето на бомбите -
Бомбите ја таргетирале Хирошима поради воените бази, а Нагасаки поради тешката индустрија во тој град.
Бомбардирањето на Нагасаки и официјално стави крај на тековните војни во Пацификот.
Иако поминаа 74 години, сè уште е нејасно зошто САД избраа да ја прекинат војната, фрлајќи атомски бомби.
Според Американците, бројот на загинати од атомските бомби изнесува 117.000 лица, а според Јапонците, животот го загубиле близу половина милион луѓе. Атомските бомби оставија ужасни рани кај жртвите.
- Периодот на Студената војна -
Атомските бомби предизвикаа Јапонија да се предаде и да се стави крај на војната, а резултатот од сето тоа беше трансформација на меѓународните односи.
САД и Советскиот Сојуз формулираа како да ги монтираат помоќните водородни бомби што до 1950 година ги развија во интерконтинентални балистички ракети, а светот зачекори во ерата на „прекумерна употреба на сила“.
Светот влезе во период на Студена војна помеѓу 1960 и 1990 година, кога двете нуклеарни сили немаа храброст „директно“ да војуваат едни со други.