Ali Cura
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
КИЕВ (АА) – Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Турција, каде што ќе има разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на прес-центарот на претседателот на Украина, Зеленски при официјалната посета на Турција на 7-8 август, најпрвин ќе има разговори со претседателот Ердоган во Анкара.
Зеленски, потоа, ќе се состане со вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Истанбул.
Во април, претседателот Зеленски, веднаш по претседателските избори одмораше во турскиот туристички град Бодрум.
На предвремените парламентарни избори одржани во Украина минатиот месец, партијата на Зеленски, „Слуга на народот“, победи со освоени 43,16 отсто од гласовите.