Efsun Erbalaban Yılmaz
11 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
ИЗМИР (АА) - ЕФСУН ЕРБАЛАБАН ЈИЛМАЗ -
Шишињата за мириси кои ги украсувале уникатните слики на уметниците во 5 и 6 век пред нашата ера, за првпат ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј во турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Археолошкиот музеј во Измир, во рамки на проектот „Ќе го видите тоа што не сте го виделе“, секој месец изложува различни уникатни дела кои се чуваат во складишта, а во февруари се изложуваат лекити кои се чинии кои припаѓаат во група сликарски вазни.

Овие дела служеле за чување на течни мириси и други течности, а откриено е дека биле изработени пред 2.600 години во Атина.
Лекитите се украсени со различни мотиви на атински жени, митолошки суштества, како и мотиви на лебеди. Овие лекити биле откриени во ископувањата во Сеферихисар и во античкиот град Неонтеикос во подрачјето на Менемен.
Во овие лекити биле зачувани течни мириси добиени од цвеќиња. Откриено е дека овие шишиња биле донесени во Измир во 5 или 6 век пред нашата ера, дека биле користени од страна на жени припадници на повисоко ниво на општеството и дека по нивната смрт биле закопани заедно со труповите.

Овие дела до крајот на февруари ќе бидат изложени во музејот.
Директорот на Археолошкиот музеј во Измир, Хунќар Кесер, во изјава за АА истакна дека во музејот се наоѓаат 180.000 дела, од кои само 5 отсто можеле да ги изложуваат, додека голем број вредни дела ги чуваат во складишта.
Според него, во текот на февруари, во рамки на проектот „Ќе го видите тоа што не сте го виделе“ изложуваат увезени шишиња за мириси.