Muhammet Nusret Altun
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ХОНГКОНГ (АА) - Повеќе од 200 летови се откажани на аеродромот во Хонгконг, специјалниот административен регион на Народна Република Кина, поради општата одлука за протестите во врска со нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ („South China Morning Post“), демонстрантите во Хонгконг започнале протести од утринските часови, влегле во 15 метро-постојки и предизвикале прекин во метро-сообраќајот.
Исто така, според информацијата, најмалку 209 летови биле откажани поради приклучување во штрајкот и на вработените во аеродромот во Хонгконг.
Од друга страна, по општата одлука за штрајк, челничката на извршната власт на Хонгконг, Кери Лам, во изјавата за медиумите рече дека „градот е на работ на многу опасна ситуација“ поради демонстрациите, за кои се истакнува дека се одржуваат поради безбедноста и просперитетот на Хонгконг.
Лам, истакнувајќи дека нема намера да си даде оставка, рече: „Во овој момент, мислам дека нема да се подобри ситуацијата ако јас или некој од моите колеги поднесе оставка.“
Посочувајќи дека треба да се почитуваат правата на работниците, студентите и другите граѓани, Лам додаде дека регионот во кој живеат 7 милиони луѓе не треба да се претвори во хаос.
Од друга страна, поставени се барикади пред одредени јавни згради во регионот.
- Законот за екстрадиција на обвинети лица -
На 3 април пред Парламентот во Хонгконг беше приложен нацрт-закон со кој се олеснува екстрадицијата во Кина, специјалниот административен регион Макао и Тајван, на лицата кои се осудени или обвинети за кривични дела во Кина.
Овој нацрт-закон предизвика реакции, бидејќи се смета дека тој може да го доведе во опасност автономниот статус на Хонгконг и да му додели статус на старателство од администрацијата од Пекинг.
Во Парламентот на Хонгконг избувна тепачка меѓу пратениците кои се против законските измени и оние што ги поддржуваат, при што беа повредени голем број пратеници.
Опозицијата смета дека со законската измена Хонгконг ќе ја загуби својата самостојност, додека властите на Хонгконг сметаат дека станува збор за задолжителна регулатива која е дел од меѓународното право.
Опозицијата стравува дека доколку овој закон биде усвоен, тогаш е можно опозицијата во Хонгконг да биде земена како цел од страна на Кина.
- Предлог-законот суспендиран -
На прес-конференцијата на 15 јуни, челничката на извршната власт на Хонгконг, Кери Лам, соопшти дека законот довел до големи разлики во општеството и затоа е суспендиран.
Лам, извинувајќи се за процесот за донесување на законот, што предизвика протести, рече дека оваа година предлог-законот нема да дојде на дневен ред. Лидерите на демонстрантите кои продолжија со демонстрациите изјавија дека тие ќе продолжат со протестите сè додека законот не биде официјално откажан.