свет

36 лица се повредени во напади на израелската армија и на нелегалните доселеници во окупираниот Западен Брег

- Нелегалните доселеници во северниот дел на Западниот Брег запалиле три возила, од кои едното му припаѓало на фотограф на АФП.

Rania R.a. Abushamala  | 10.10.2025 - Обновена : 10.10.2025
36 лица се повредени во напади на израелската армија и на нелегалните доселеници во окупираниот Западен Брег

РАМАЛА / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 36 лица, вклучувајќи и новинари, се повредени во нападите на израелските армиски сили и на нелегалните доселеници во окупираниот Западен Брег денес, објави палестинското Министерство за здравство, известува Анадолу.

Во соопштението се вели дека 36 лица биле медицински третирани, од кои двајца од вистински куршуми, по нападите на нелегални доселеници и на израелските војници во градовите Бејта, Хувара и Деир Шараф во Наблус.

Според палестинската новинска агенција Вафа, нелегалните еврејски доселеници нападнале палестински земјоделци додека береле маслинки во областа Џабал Камас во Беита, претепувајќи ги, по што запалиле три возила, од кои едното му припаѓало на фотограф на АФП.

Израелските војници спроведоа рација во областа и испукаа шок-бомби и солзавец кон цивилите, предизвикувајќи неколку случаи на задушување поради вдишување на солзавец, се додава во веста на Вафа.

Локални извори за Анадолу изјавија дека тројца новинари биле повредени за време на израелскиот напад.

Слични напади на еврејските доселеници се пријавени во селата Акраба, Ал-Лубан ал-Шаркија и Амурија, јужно од Наблус.

Во местата Рамала и ал-Бирех во централниот Западен Брег, израелските сили уапсија шест Палестинци додека собирале маслинки во селото Кафр Нима, западно од Рамала, откако беа нападнати од израелските доселеници во областа.

Ваквите напади на доселениците обично се интензивираат за време на годишната сезона на берба на маслинки, што е главен извор на приход за голем број палестински земјоделци.

Според официјалните палестински бројки, повеќе од 1.050 Палестинци се убиени, околу 10.300 се ранети и над 20.000 се приведени, вклучувајќи околу 1.600 деца, откако започнаа израелските напади врз Појасот Газа пред две години.

Од октомври 2023 година, Израел уби речиси 67.200 Палестинци во енклавата, повеќето од нив жени и деца, и ја направија непогодна за живеење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.