Gülşen Topçu
03 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
РАМАЛА (АА) – Многубројни Палестинци се ранети меѓу кои и новинари, во интервенцијата на израелските војници против демонстрациите кои се одржуваат во различни места на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници со употребување на пластични куршуми, солзавец како и шок бомби интервенирале на демонстрациите организирани против селата Неби Салих, Белин и Налин кои се наоѓаат во близина на Рамала, против еврејските населените места во Кефр Кадум кои се наоѓаат во западниот дел на Наблус како и против „ѕидот на поделбата“.
Фоторепортерот на палестинска државна телевизија, Ахмед Шафир, за време на следење на настаните бил ранет во глава со пластични куршуми употребени во интервенцијата од страна на војниците. Шафир бил пренесен во болницата Рафидија во Наблус.
Еврејските доселеници кои сакале да ги спречат демонстрациите во село Неби Салих, нападнале десетици Палестинци меѓу кои и новинари. Исто така доселениците го блокирале главниот пат на селото, го спречиле преминот на жителите како и ги нападнале возилата.