свет

„Туркиш ерлајнс“ ќе го изгради најголемиот карго-терминал во светот

Од компанијата истакнаа дека со инвестицијата и реализацијата на карго-терминалот и објектот за угостителство ќе се отворат околу 26.000 нови работни места

Mücahithan Avcıoğlu  | 02.01.2026 - Обновена : 05.01.2026
 „Туркиш ерлајнс“ ќе го изгради најголемиот карго-терминал во светот

ИСТАНБУЛ (AA) – Националниот авиопревозник на Турција, „Туркиш ерлајнс“, денес соопшти дека ќе го изгради најголемиот карго-терминал во светот, како и најголем објект за угостителство во лет, со вкупна инвестиција од 100 милијарди турски лири, односно повеќе од 2,3 милијарди долари, јавува Анадолу.

„Турција расте, 'Туркиш ерлајнс' се издигнува“, напиша авиокомпанијата на турската социјална мрежа NSosyal.

Од компанијата истакнаа дека со инвестицијата и реализацијата на карго-терминалот и објектот за угостителство ќе се отворат околу 26.000 нови работни места.

„Како водечки бренд на Турција, оваа гордост нè прави горди“, додадоа од авиокомпанијата.

Локацијата на проектите не е прецизирана, но се очекува тие да бидат реализирани во Истанбул – трговскиот центар на Турција и град со два големи меѓународни воздушни центра.

„Туркиш ерлајнс“ , со седиште во Истанбул, е една од најголемите авиокомпании во светот, со над 85 милиони превезени патници и околу 2 милиона тони карго годишно.

Билал Екши, извршен директор на компанијата, во вторникот изјави дека „Туркиш ерлајнс“ до 2033 година ќе се најде меѓу петте најголеми авиокомпании во светот, кога флотата ќе достигне 813 авиони.

До крајот на 2025 година авиокомпанијата располагаше со флота од 514 авиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.