свет

САД: Запленето оружјето што напаѓачот го користел во убиството на Чарли Кирк, поддржувач на Трамп

- Регионалниот агент на Федералното истражно биро (ФБИ), Роберт Боулс, на прес-конференција соопшти дека оружјето користено во убиството на Кирк е запленето и го идентификуваше како „пушка со голема моќност“.

Mücahit Oktay  | 11.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
 САД: Запленето оружјето што напаѓачот го користел во убиството на Чарли Кирк, поддржувач на Трамп

ЊУЈОРК (АА) - Запленето е оружјето користено во нападот во Јута, во кој беше убиен републиканскиот конзервативен активист Чарли Кирк, познат по неговите блиски врски со претседателот Доналд Трамп, известува Анадолу.

Регионалниот агент на Федералното истражно биро (ФБИ), Роберт Боулс, на прес-конференција соопшти дека оружјето користено во убиството на Кирк е запленето и го идентификуваше како „пушка со голема моќност“.

Боулс изјави дека пушката е пронајдена во пошумена област, каде што побегнал напаѓачот и додаде дека оружјето ќе биде испитано во лабораториите на ФБИ.

Тој соопшти и дека за анализа се земени отпечатоци од чевли, отпечатоци од дланка и отпечатоци од подлактици.

Комесарот на Одделот за јавна безбедност на Јута, Бо Мејсон, на прес-конференција изјави дека ја истражуваат можноста дали сторителот на нападот на Универзитетот „Долина Јута“ „има врски со универзитетска институција“.

„Во моментов не објавуваме многу детали, но наскоро ќе објавиме“, рече Мејсон и додаде: „Во моментов не може да објавуваме никакви детали, но се чини дека станува збор за лице на студентска возраст.“

Мејсон рече дека имаат видеоснимки со добар квалитет за кои се верува дека се од осомничениот, но додаде дека нема да ги објават во овој момент бидејќи истрагата е во тек.

„Лицето дошло на кратко растојание од кампусот. Го гледавме како се искачува по скалите до покривот и како потоа оди до местото од каде пукал. По пукањето, успеавме да го следиме до другата страна од зградата, како скока од зградата, како бега од кампусот и влегува во една уличка“, рече Мејсон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın