свет

Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица

Екипите за потрага и спасување го лоцирале местото на падот на авионот Ан-26, при што е утврдено дека нема преживеани

Elena Teslova  | 01.04.2026 - Обновена : 01.04.2026
 Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека еден негов воен авион паднал над полуостровот Крим, при што животот го загубиле 29 лица, јавува Анадолу.

Во соопштението Министерството наведува дека во леталото имало 23 патници и шест члена на екипажот.

„За време на планиран лет над полуостровот Крим на 31 март, околу 18:00 часот по Гринич, изгубена е комуникација со воениот транспортен авион Ан-26“, се наведува во соопштението.

Екипите за потрага и спасување го лоцирале местото на падот на авионот Ан-26, при што е утврдено дека нема преживеани, се додава во соопштението.

Комисија од Министерството веќе работи на местото на настанот. Не се пронајдени докази за надворешно влијание врз авионот, а според прелиминарните податоци, причина за инцидентот е технички дефект, истакнаа од Министерството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.