свет

Романија детектираше дрон во украинскиот воздушен простор во близина на границата

- Од Министерството за одбрана посочија дека беспилотното летало не влегло во романскиот национален воздушен простор

Necva Taştan Sevinç  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
 Романија детектираше дрон во украинскиот воздушен простор во близина на границата

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Романија денес соопшти дека неговите радарски системи детектирале беспилотно летало во украинскиот воздушен простор во близина на источната граница на земјата, јавува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека дронот било забележан во 06:57 часот по локално време, додека се движел кон северниот дел на округот Тулча, кој граничи со Украина.

Системите за противвоздушна одбрана веднаш биле ставени во состојба на готовност, а во 07:17 часот по локално време властите пратиле порака со предупредување до жителите во целната област преку системот за итно известување РО-АЛЕРТ.

Од Министерството посочија дека беспилотното летало не влегло во романскиот национален воздушен простор.

„Во 07:47 часот тревогата беше укината“, се наведува во соопштението, додавајќи дека не е забележано нарушување на територијалниот интегритет на Романија.

Од почетокот на војната на Русија против Украина неколку европски земји што граничат со Украина пријавија инциденти поврзани со дронови во близина или внатре во нивниот воздушен простор.

Романија, Полска и Молдавија во повеќе наврати детектираа беспилотни летала или остатоци за кои се верува дека се поврзани со конфликтот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın