Ali H. M.Abo Rezeg
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, денес истакна дека резултатите од минатомесечниот референдум за независност на Регионалната курдска управа во северен Ирак треба да бидат целосно поништени, а не само замрзнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштенито од ирачкиот премиер дојде еден ден откако Регионалната курдска управа предложи итно прекинување на огнот, стопирање на сите воени операции и замрзнување на резултатите од референдумот.
На 25 септември, Ирачаните во подрачјата на Регионалната курдска управа, како и во неколку спорни области меѓу Багдад и Ербил, гласаа за тоа дали да прогласат независност од Ирак.
Според резултатите објавени од страна на Регионалната курдска управа, речиси 93 отсто од регистрираните гласачи гласаа за независност.
Нелегитимниот референдум беше критикуван од страна на повеќето регионални и меѓународни фактори, со предупредувања дека ќе го одвлече вниманието од ирачката тековна борба против тероризмот и дополнително ќе го дестабилизираат веќе безбедносно нестабилниот регион.