свет

Путин рече дека ЕУ „не успева“ да ги заплени руските средства, обидот го нарече „грабеж“

Путин предупреди дека ваквите дејства се полни со „страшни последици за крадците“ и додаде: „Тоа не е само удар врз имиџот, туку и ја поткопува глобалната доверба.“

Elena Teslova  | 19.12.2025 - Обновена : 19.12.2025
 Путин рече дека ЕУ „не успева“ да ги заплени руските средства, обидот го нарече „грабеж“ Фото: Sefa Karacan/AA

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Европската Унија (ЕУ) „не успева да ја спроведе“ експропријацијата на замрзнатите руски средства, јавува Анадолу.

Коментирајќи ги разговорите за експропријација на замрзнатите руски средства во ЕУ на годишната прес-конференција во Москва, Путин рече дека овој чекор е во застој поради тешките последици со кои би се соочиле сторителите, нагласувајќи дека „кражбата“ е несоодветна дефиниција за она што ЕУ се обидува да го направи.

„Кражбата е тајна апропријација, додека тие се обидуваат да го сторат тоа отворено. Тоа е грабеж“, изјави тој.

Путин предупреди дека ваквите дејства се полни со „страшни последици за крадците“ и додаде: „Тоа не е само удар врз имиџот, туку и ја поткопува глобалната доверба.“

Треба само да се направи првиот чекор, а потоа тој може да се прошири и на други држави под различни изговори, рече тој.

Како пример Путин ги наведе законските рамки во некои муслимански земји, каде што се донесуваат строги закони за заштита на традиционалните вредности, истакнувајќи дека ЕУ може има проблем со нив.

„Само треба да почнете да го правите тоа, а потоа може да го правите под разни изговори. На пример, можеби некому не му се допаѓаат законите во некои муслимански земји, кои имаат строги закони за заштита на нивните традиционални вредности“, рече тој.

Русија, од своја страна, ќе продолжи да ги брани своите интереси првенствено во судовите и ќе најде јурисдикција што ќе биде независна, порача рускиот претседател.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.