Dmitri Chirciu
20 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, соопшти дека процесот за формирање комисија што ќе го пишува Уставот на Сирија веќе е при крајот, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на конференција во Москва, главниот град на Русија, Лавров го оцени сирискиот проблем.
„На овој конгрес, создадени се сите услови за почеток на политичкиот процес. Според тоа, со учество на сите политички сили во Сирија, процесот за формирање комисија што ќе го пишува Уставот на Сирија веќе е при крајот“, истакна Лавров, потсетувајќи дека Конгресот за сирискиот национален дијалог е одржан во Сочи, минатиот месец.
- Одлука за формирање комисија
Одлуката за формирање комисија е донесена на Конгресот за сирискиот национален дијалог одржан на 30 јануари 2018 година во Сочи.
На Конгресот беше донесена одлука комисијата којашто ќе го пишува новиот Устав на Сирија да има 150 члена, по 50 члена ќе избираат режимските сили и опозицијата, а последните 50 члена ќе бидат избрани од страна на граѓанското општество на Сирија.
Режимот и опозицијата, за релативно краток период во консултации со Турција, Русија и Иран, ги утврдија 50-те члена.
Но последната листа од 50 члена беше попречена од режимот на Башар ал Асад.