свет

Обилните снежни врнежи и невремето одзедоа 35 животи во Јапонија

Префектурата Ниигата бележи најголем број жртви со 12 загинати, по што следуваат Акита со седум и Јамагата со пет

Islam Uddin  | 04.02.2026 - Обновена : 04.02.2026
 Обилните снежни врнежи и невремето одзедоа 35 животи во Јапонија

ИСТАНБУЛ (АА) – Обилните снежни врнежи во северниот дел на Јапонија одзедоа најмалку 35 животи, а повеќе од 350 лица се повредени, јавуваат локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.

Јапонската Агенција за противпожарна заштита и управување со катастрофи соопшти дека бројот на загинати продолжува да расте од почетокот на снежните врнежи на 20 јануари, објави јавниот сервис НХК.

Префектурата Ниигата бележи најголем број жртви со 12 загинати, по што следуваат Акита со седум и Јамагата со пет.

Во Хокаидо и Аомори се пријавени по четири смртни случаи, додека во Ивате, исто така, се потврдени четири. Нагано и Шимане пријавија по еден загинат.

Надлежните соопштија дека најголем број од жртвите настрадале во свлечишта и несреќи поврзани со снегот.

Вкупно 358 лица се повредени на национално ниво, меѓу кои има и потешки и полесни случаи.

Метеоролошките служби предупредија дека се очекува обилните снежни врнежи да продолжат и за време на викендот.

Главниот портпарол на јапонската Влада предупреди дека порастот на температурите може да предизвика топење на снегот, што би го зголемило ризикот од свлечишта и би создало лизгави услови на патиштата, претставувајќи дополнителна опасност за жителите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın