Muhammed Boztepe
12 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
АНКАРА
Во координирана акција на Вооружените сили на Турција (ТСК) и Разузнавачката служба (МИТ) на северот на Ирак неутрализирани се пет припадници на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција се наведува дека во регионот Гара, на северот на Ирак, изведена е воздушна акција.
„Како резултат на координирана работа на нашите вооружени сили и разузнавачката служба, во воздушната операција се неутрализирани пет терористи", пишува во соопштението.
Нагласено е дека Турција ќе продолжи со одлучната и ефективната борба против тероризмот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авасин-Бајсан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат на северот на Ирак и претставуваат главно гнездо на ПКК.