Adam Abu-bashal
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 376 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 18.132 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.376.805.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 326 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 55.082.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (23.106), по која следуваат Мароко (6.589) и Египет (6.898).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (852.965), по која следуваат Мароко (397.597) и Египет (121.089).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.014.826 лица.