Elvir Hociç
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
КАРТУМ (АА) - Љубителите на старите авиони организираа необична турнеја низ Африка, а денес тие слетаа на првата пауза во Судан, јавува Anadolu Agency (AA).
Група авантуристи полетаа од грчкиот остров Крит кон јужноафриканскиот град Кејптаун, а летаат исклучиво со авиони произведени во периодот од 1920 до 1930 година.
Јато на класични олдтајмер авиони го преминаа Средоземното Море и го продолжија летот преку Египет по должината на реката Нил, а денес се спуштија на аеродромот во Картум, главниот град на Судан.
По одморот и дружењето, учесниците на овој несекојдневен лет ќе продолжат кон јужниот дел на континентот. На патот до Кејптаун, јатото класични авиони ќе помине преку Етиопија, Кенија, Замбија и други африкански земји.