Gökhan Kavak
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 18 отсто од починатите поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент биле дијабетичари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорката на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, даде изјава за медиумите пред 14 ноември - Светскиот ден на дијабетесот.
„Во Африка за голем број лица не се знае дали се дијабетичари. Доколку дијабетичарите би се инфицирале со Ковид-19, тие би биле погодени двапати повеќе од вирусот“, рече Моети.
Таа информира дека околу 18 отсто од починатите поради Ковид-19 во Африка биле дијабетичари.
Според неа, забележан е раст кај случаите со дијабетес во Африка, и затоа, рече, многу е важно луѓето да бидат заштитени преку рана дијагноза и рано лекување.
Инаку, во Африка досега се откриени над 1 милион 946 илјади случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус досега починаа 46.262 лица.