Büşra Nur Bilgiç Çakmak
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
МОСКВА
Русија денес регистрираше 21.983 нови случаи на заразување со Ковид-19, што е најголем број во еден ден од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на заразени во земјата сега изнесува над 1,88 милиони, а бројот на починати е зголемен на 32.443, вклучувајќи 441 смртен случај во изминатите 24 часа.
Бројот на оздравените е зголемен за 18.735 и сега изнесува 1,4 милиони.
Русија пред две недели воведе нови мерки за запирање на ширењето на вирусот.
Властите кон крајот на октомври воведоа задолжително носење маски на јавните места, во јавниот превоз и во лифтовите. На кафулињата, баровите и рестораните им е препорачано затворање во 23 часот.
Повторно се воведени мерки во главниот руски град Москва, каде активностите на објектите за забава, ресторани, барови и кафулиња се забранети меѓу 23 и шест часот.
Универзитетите во Москва преминаа на одвивање на онлајн настава, додека спортските активности можат да се одржуваат со дозвола.
Културните настани се привремено забранети, како и детските кампови и забавни програми за деца во трговските центри. Мерките ќе останат на сила до 15 јануари 2021 година.