Adam Abu-bashal
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 738 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.738.877.
Исто така, вкупната бројка на починати се зголеми на 41.672.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.008), по која следуваат Египет (6.211) и Мароко (3.373).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (761.759), по која следуваат Мароко (199.745) и Египет (106.707).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.421.870 лица.