Muhammed Emin Canik
12 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во земјите од Латинска Америка продолжува да се зголемува бројката на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 290 лица, во Аргентина 287, во Мексико 139, во Колумбија 174, во Перу 82 и во Чиле 46.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 290 лица кои биле заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 150.488. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 12.345, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 5.094.982.
По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 4.470.163 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 287 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 23.868. Во истиот период детектирани се 20.324 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 894.296.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 721.380 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина како превенција од ширењето на коронавирусот спроведе многу долг карантин, сепак оваа земја ја мина Шпанија според бројот на лица позитивни на вирусот исега се наоѓа на 7. место во светот.
Аргентина го воведе карантинот на 20 март, а подоцна постепено почна во голема мерка да ги олеснува неговите правила, но генерално, карантинот е продолжен до 25 октомври во 18 покраини.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 139 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.175 новозаразени.
Во Мексико, кое брои популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 83.781 смртен случај, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 817.503. Во оваа земја досега оздравеа 594.180 лица позитивни на Ковид-19.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 починале 174 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 27.834.
Во последните 24 часа детектирани се 8.569 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 911.316. Во оваа земја досега оздравеа 789.787 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 5-та земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 час починале 82 лица од последици предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.076 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 849.371, починаа 33.305 заразени, а оздравеа 743.969 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу со популација од околу 32 милиони жители се наоѓа на 8. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на заразеност со вирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 46 лица од вирусот Ковид-19, а детектирани се 1.776 новозаразени.
Во Чиле со популација од над 19 милиони жители, бројката на починати од Ковид-19 изнесува 13.318, вкупната бројка на заразени се искачи на 481.371, додека оздравеа 453.352 лица претходно заразени со коронавирусот.