Emre Aytekin
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 72 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во светот со Ковид-19 се заразени 72.014.162 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 16.496.348 лица.
По САД следуваат Индија (9.854.208), Бразил (6.880.127), Русија (2.625.848), Франција (2.365.319), Велика Британија (1.830.956), Италија (1.825.775), Турција (1.809.809), Шпанија (1.741.439), Аргентина (1.489.328), Колумбија (1.408.909), Германија (1.320.592), Мексико (1.229.613), Полска (1.126.700) и Иран (1.100.818).
Во светот од Ковид-19 починаа 1.610.067 лица, додека 50.411.543 лица оздравеа од овој вирус.