Servet Günerigök
02 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган за американскиот весник „Вашинтон пост" напиша колумна за Џамал Кашоги под наслов „Постојат уште многу прашања кои Саудиска Арабиа треба да ги одговори за убиството на Кашоги", напоменувајќи дека неговата земја ги презеде сите напори за да ова убиство биде расветлено, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турција во изминатите месец дена ги мобилизираше сите средства со кои располага за расветлување на сите аспекти од овој настан.Како резултат на овие напори, целиот свет дозна дека Џамал Кашоги на ладнокрвен начин го уби тим луѓе за изведување атентати. Се покажа дека убиството е изведено со предумисла", напиша турскиот претседател.
Нагласи дека е многу важно да бидат расветлени и откриени сите детали за овој случај.
„Пронаоѓање на одговор на некои прашања кои не се ниту помалку поважна од тие детали ќе ни помогне да подобро го разбереме овој грозен настан. Каде се наоѓа телото на Џамал? Кој е 'локалниот соработник' на кој, како тврдат функционерите на Саудиска Арабија, му е предадено телото? Кој ја издал наредбата да се убие оваа добра душа? За жал, властите во Саудиска Арабија одбија да дадат одговори на тие прашања. Знаеме дека извршителите на убиството се наоѓаат меѓу 18 осомничени кои се уапсени во Саудиска Арабија. Исто така знаеме дека тие лица дошле да ја извршат наредбата: Убијте го Кашоги и напуштете ја Турција. На крајот, знаеме дека наредбата да се убие Кашоги стаса од највисоките нивоа на саудиските власти", наведе Ердоган.
Додаде дека ноекои луѓе ова убиство го гледаат како проблем кој со тек на времето ќе биде заборавен и нема за него повеќе да се говори.
„Но, ние ќе продолжиме да поставуваме прашања кои се од клучно значење за кривичната истага во Турција, како и за семејството на Кашоги и неговите сакани. Иако поминало месец дена по неговото убиство, се уште не знаеме каде е неговото тело. Во најмала рака, тој заслужува соодветен погреб (џеназе) во согласност со исламските обичаи", наведе Ердоган.
„Тоа го должиме на неговото семејство и пријателите, вклучувајќи ги и неговите поранешни колеги, за им пружиме можност да се поздрават со него и да искажат почитување кон овој чесен човек", напиша турскиот претседател во колумната.
„За да бидеме сигурни дека светот ќе продолжи да ги поставува истите прашања, ги споделивме доказите до оние до кои дојдовме со сите наши пријатели и сојузници, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави. Додека продолжуваме да трагаме за одговорите, сакам да нагласам дека Турција и Саудиска Арабија имаат пријателски односи. Не верувам ниту секунда, дека кралот Салман, чуварот на светите џамии, дека наредил напад на Кашоги. Според тоа, немам причина да верувам дека неговото убиство ја одразува официјалната политика на Саудиска Арабија. Во таа смисла, би било погрешно да се гледа убиството на Кашоги како 'проблем' помеѓу две земји. Меѓутоа нашето долгогодишно пријателство со Ријад не значи и дека ќе го игнорираме ова планирано убиство кое се случи пред наши очи", напиша Ердоган додавајќи дека убиството на саудискиот новинар е необјасниво.
„Ова убиство да се случеше во САД или некоја друга земја, властите во тие земји би дошле до сржта на она што се случило. Нема збор дека нашиот став би можел да биде поинаков од тоа. Никој нека не се осудува да изврши такво злосторство на територија на сојузниците на НАТО. Ако некој не го уважи ова предупредување, ќе се соочи со сериозни последици", напиша Ердоган.
„Убиството на Кашоги претставува очигледно кршење и очигледна злоупотреба на Виенската конвенција за конзуларни односи. Неуспехот да се казнат сторителите може да претставува многу опасен преседан. Ова е уште една причина поради која бевме шокирани и ожалостени увидувајќи ги напорите на некои саудиски функционери да го прикријат планираното убиство на Кашоги, наместо да и служат на правдата, бидејќи нашето пријателство го бара тоа. Иако Ријад уапси 18 осомничени, длабого е загрижувачки што ништо не е преземено против саудискиот генерален конзул кој ги лажеше медиумите и потоа набргу ја напушти Турција. Исто така, одбивањето на саудискиот јаввен обвинител, кој неодамна го посети својот колега во Истанбул, да соработува во истрагата и да одговори дури и на наједноставни прашања, е многу фрустрирачки. Неговиот повик на турските истражители во Саудиска Арабија да извршат повеќе разговори за овој случај делува како очајна и намерна тактика на одолвлекување", наведе Ердоган.
На крајот истакна дека е многу важно да се открие и да се дознае што се наоѓа во позадина на убиството.
„Убиството на Џамал Кашоги вккучува многу повеќе луѓе од група безбедносни припадници, токму како што аферата Вотергејт беше поголема од самото прислушкување, а терористичкиот напад на 11 септемви од киднаперите. Како одговорни членови на меѓународната заедница, ние мораме да ги откриеме идентитетите на налогодавачите кои стојат зад убиството на Кашоги и да ги откријат и оние на кои се ослонувале функционерите на Саудиска Арабија, кои се уште се обидуваат да го прикријат убиството", напиша Ердоган.